Оваа идеја ги надминува сите очекувања: Швеѓаните сфатија како бесплатно да ги загреваат куќите

Екологијата се повеќе го стекнува своето заслужено место, а земјите од Скандинавија секако се водечки. Затоа, не треба да чуди што Шведска наскоро би можела да стане број еден еколошка земја.

Имено, нивните идеи се иновативни, а нивните трикови за конзервација надминуваат се.

Грејната сезона трае долго, некои користат дрва, некои гас, а некои верувале или не компјутери!

Имено, Шведска дефинитивно е пред своето време, а еве зошто:

Познато е дека Швеѓаните се еколошки и технички напредна нација. Но, нивниот најнов технолошки проект ги изненади сите и секако е голема вест во еколошките технологии.

Во еден дел од Стокхолм, поточно во населбата Скарпанк, се гради голема база на податоци. Сите кои поседуваат компјутери знаат колку се загреваат, но сигурно никој досега не помислил дека оваа енергија може да се искористи за загревање на куќата!

Швеѓаните штотуку сфатија и дојдоа на идеја да ја искористат таа инаку бескорисна енергија. Со топлинска енергија на компјутерите ќе се греат околу 30.000 домаќинства!

Целиот проект го води компанијата Фортум, а според нивните предвидувања, компјутерите во иднина би можеле да загреваат повеќе од 10 отсто од куќите и зградите. Поради оваа причина, градските советници одлучија да се отворат повеќе компјутерски центри во Стокхолм.

Главниот град на државата чиј слоган е „во чекор со времето“ ќе стане еколошки уште понапреден.

Можеби ќе ве интересира...

Паѓаат цените: Гасот во Европа падна под 1.250 долари за илјада кубни метри

BiznisPRO

Продажбата на кинески автомобили во Русија достигна врв

BiznisPRO

„Ќе поскапат становите“! Голдман Сакс: Падот на нивото на залихи го притисна пазарот на домување во последните неколку години

BiznisPRO