Годишната стапка на инфлација во Франција е 3,7 отсто

ПАРИЗ – Годишната стапка на инфлација во Франција се зголеми на 3,7 отсто во декември од 3,5 отсто во ноември, потврди денеска францускиот национален институт за статистика и економски истражувања INSEE.

Ваквото зголемување на инфлацијата е резултат на забрзувањето на растот на цените на енергијата за 5,7 отсто на годишно ниво од ноемвриските 3,1 отсто, како и на цените на услугите за 3,1 отсто од ноемвриските 2,8 отсто, се наведува на веб-страницата на организацијата.

Спротивно на тоа, цените на храната во Франција се намалија на 7,2 отсто во декември од 7,7 отсто во ноември.

Годишната базна стапка на инфлација падна на 3,4 отсто во ноември од 3,6 отсто во ноември.

На месечна основа, цените во Франција пораснаа за 0,1 отсто, предводени од растот во услужниот сектор за 0,6 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Uber казнет со 10 милиони евра

BiznisPRO

ЕУ размислува за ограничување на цените на струјата

BiznisPRO

Нови правила за купување во Лидл од 1 јануари

BiznisPRO