Грција воведува контрола врз странски компании

Грчката влада најави дека ќе воведе контрола на цените на млекото за бебиња во прав, обвинувајќи ги меѓународните добавувачи за наметнување на неразумно високи цени на Грција.

Ограничувањето на профитот од седум проценти на млекото во прав стапува на сила во март и следи по серијата слични акции воведени во изминатите две години за основните артикли.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги обвини големите синџири на супермаркети дека користат висока инфлација за уште повеќе да ги зголемат цените.

„Постојано применуваме нови политички инструменти додека сите, особено мултинационалните компании, не разберат дека Грција не е банана република и дека „инфлацијата од алчност“ не може да се толерира“, рече премиерот.

Според официјалните проценки, инфлацијата во земјите што го користат еврото во декември по падот за седум месеци се зголемила на 2,9 отсто, додека грчката стапка е 3,7 отсто.

Во последниве месеци, грчките власти наметнаа казни до 1 милион евра за големите меѓународни компании за кои рекоа дека ги прекршуваат владините ограничувања за дополнителен профит.

Можеби ќе ве интересира...

Грција ја укина туристичката такса и воведе нова такса што ќе треба да ја плаќаат сите туристи: Што се менува од годинава

BiznisPRO

Нов удар по паричникот на граѓаните: Во Србија од 1 јануари поскапуваат струјата и гасот

BiznisPRO

Рекордно поскапување на горивата во Црна Гора

BiznisPRO