Индустриското производство во август е намалено за 1,9 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Најголем пад има во рударството и вадењето камен – 10,1 проценти, додека преработувачката индустрија е намалена за 1,3 проценти.
Производството на моторни возила, приколки и полуприколки е намалено за 8,7 проценти, а кај машините и уредите падот достигнува 9,6 проценти. Сепак, за периодот јануари–август индустриското производство сè уште бележи благ раст од 0,6 проценти.
