Италија заработува четири милијарди евра годишно од рециклирање хартија

Што треба да направи Европа? Таа мора да разбере дека побарувачката за рециклирани суровини расте

Петнаесет години пред предвиденото, Италија, во рециклирањето хартија, ги постигна своите планови. Италија постигна амбициозен план за рециклирање хартија 15 години пред предвиденото. Тие рециклираат 85% од хартијата.

Формирана е мрежа на мали и средни компании кои вработуваат 20.000 работници и заработуваат 4 милијарди евра годишно од отпадна хартија.

Сè што камионите носат во дворот на фабриката за рециклирање хартија во предградието на Рим се обработува во рок од 48 часа.

– Испорачуваме до индустријата за хартија 200 тони суровини, рециклирана хартија која подоцна ќе се користи во производството. Отпадната хартија добиваме од граѓани или фирми, кои посебно ја собрале, изјави Луиџи Летиери, вели директорот на компанијата „Рицикла Центро Италија“.

Рециклирањето хартија има две предности: треба да се сечат помалку дрвја за да се добијат суровини, а емисиите на јаглерод диоксид се помали. Кога отпадната хартија се рециклира, таа со камиони се транспортира до погоните каде што ќе се создава новиот производ.

– Имаме компании кои имаат традиција во производството на хартија. Но, ни недостасуваат суровини – дрвја. Со текот на годините научивме како да ја користиме таа хартија што ја фрламе. Го разгранивме системот за собирање хартија од север кон југ, вели генералниот директор на UNIRIMA, Франческо Сицилија.

Италија ќе инвестира милиони за да се опорави од пандемиската економија, вклучително и проекти за зелена економија. Дел од него ќе оди и во секторот за рециклирање хартија. Има простор за подобрување.

Можеби ќе ве интересира...

Кина во симултанка за „новото бело злато“ – инвестира две милијарди долари

BiznisPRO

WSJ: Извршните директори се загрижени за употребата на дрога на Маск

BiznisPRO

Куќните апарати добиваат „нов животен век“

BiznisPRO