Германската економија се уште е во пад

Економската активност во Германија се уште е во пад, објави денеска „Market Economics“.

Според прелиминарната проценка, композитниот индекс на менаџери за набавки (PMI) во Германија падна на 45,8 поени во октомври од 46,4 поени, се вели во извештајот.

Пазарите очекуваа спротивен тренд, односно благ раст на овој индекс до 46,7 поени. PMI е параметар кој се користи како показател за економската активност, а резултатот под 50 укажува дека економијата е во состојба на контракција, односно пад на економската активност.

Како што е наведено на глобалната веб-страница на S&P, PMI во услужниот сектор падна на 48,0 поени во октомври од 50,3 поени во септември, а PMI во производството се зголеми на 40,7 поени од 39,6 поени од минатиот месец.

Можеби ќе ве интересира...

Тутунскиот гигант мора да плати казна од 635 милиони долари

BiznisPRO

Централната банка на Канада ја задржа референтната каматна стапка

BiznisPRO

Инфлацијата ја јаде сечија плата: Директорите во Америка се однесуваат како бандити

BiznisPRO