Ќе легнат ли пари кај пензионерите до Нова година? – Помошта која ја најави владата би можела да стигне и порано

Најголема категорија опфатена со новиот пакет антикризни мерки се пензионерите, над 187.000 пензионери.

Предвидени се 35 милиони евра за мерки за поддршка и заштита на стандардот на пензионерите со најниски пензии.

Помошта се очекува да биде ислплатена и пред Новата година, односно веднаш откако ќе помине низ сите филтри на институциите.

Колку пари ќе добијат пензионерите?

Во наредните 5 месеци, почнувајќи од декември, пензионерите со пензија до 14.000 денари ќе добиваат по 3.000 денари месечно.

Оние со пензија од 14.000 до 16.000 денари ќе добиваат 2.000 денари месечно.

Пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари во следните 5 месеци, ќе имаат поддршка од 1.500 денари.

Со оваа поддршка се опфатени над 187.000 пензионери, за што се предвидени 35 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира...

Во октомври издадени дозволи за изградба на над 2.000 нови станови

BiznisPRO

Биткоинот падна под 40.000 евра

BiznisPRO

УЈП запечати голем број КАМ маркети со жолти ленти и пломби

BiznisPRO