Кина го забрзува издавањето на државни обврзници

Кина ќе го забрза издавањето и користењето на државните обврзници, изјави новиот министер за финансии Лан Фоан.

Според него, Министерството за финансии постојано ќе го промовира решавањето на ризиците од долгот на локалната самоуправа и ќе ги зајакнува напорите за подобро искористување на улогата на специјалните обврзници за стимулирање на економијата.

„Министерството за финансии ќе продолжи да спроведува проактивна фискална политика, фокусирајќи се на подобрување на ефикасноста и поголема ефективност на фискалната политика“, под „комплексната домашна и меѓународна ситуација“, рече Лан.

Новите квоти за долг на локалната самоуправа за 2024 година беа однапред издадени со цел разумно да се обезбедат потребите за локално финансирање, рече министерот. Лан, со мало искуство во централната влада, беше назначен за министер за финансии минатиот месец, бидејќи владата ги засилува фискалните стимулации.

Лан го наследува Лиу Кун, кој ја извршува оваа позиција од 2018 година. Новиот министер претходно беше шеф на партијата во северната провинција Шанкси. Неговото назначување доаѓа во време кога централната влада се потпира на долговите и државните трошоци.

Највисокото кинеско парламентарно тело минатиот месец одобри издавање државни обврзници во вредност од 137 милијарди долари во четвртиот квартал за финансирање на реконструкцијата на областите погодени од поплавите. Кинеската економија порасна побрзо од очекуваното во третиот квартал, подобрувајќи ги изгледите на владата за исполнување на овогодинешната цел за економски раст од пет проценти.

Можеби ќе ве интересира...

Сорос за уметноста на инвестирање: Ако се забавувате со инвестирање, веројатно нема да заработите ништо

BiznisPRO

Колку ќе изнесува еврото, а колку доларот утре – Курсна листа за 16 февруари 2024

BiznisPRO

Европските и американските индекси во пад по одлуката на ФЕД

BiznisPRO