Кина ја освојува ЕУ? Производителите ги затвораат погоните

Европските производители на соларни панели побараа од Европската унија мерки за итна помош за да се зачува производството и покрај евтиниот кинески увоз.

Група европски производители на соларни панели најавија затворање на погоните, наведувајќи го бранот увоз и прекумерната понуда на делови што се натрупаа во европските магацини, принудувајќи ги да ги намалат цените.

Швајцарскиот Мејер Бургер планира да ја затвори фабриката во Германија доколку не ја добие ветената помош од владата.

Во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, здружението ESMC предупреди дека европските производствени капацитети би можеле да бидат повеќе од преполовени во рок од неколку недели доколку ЕУ итно не им помогне.

„Во следните четири до осум недели, големите производители на PV модули во ЕУ и нивните европски добавувачи се подготвуваат да ги затворат производните линии доколку веднаш не се преземат значителни кризни мерки“, предупреди здружението во писмото од 30 јануари.

ESMC бара од ЕУ програма за откупување на вишокот резерви на соларни модули за да се намали прекумерната понуда. Тие бараат и промена на регулативата за државна помош и посилна владина поддршка за домашните производители.

Ако не може да ги спроведе овие мерки на краток рок, ЕУ треба да разгледа и „заштитни“ механизми, како што се царини и квоти за ограничување на увозот, сугерира здружението.

Европа брзо се свртува кон соларната енергија и минатата година инсталираше рекордни 56 GW нов капацитет за производство на соларна енергија.

Проширувањето на капацитетот игра важна улога во заштитата на климата, но во голема мера се потпира на увоз на делови од Кина. Како резултат на тоа, другите сектори го критикуваат предлогот за тарифи, предупредувајќи дека тоа може да го наруши снабдувањето од Кина и потенцијално да го одложи воведувањето на зелена енергија.

Можеби ќе ве интересира...

РКЕ со одлука: Поевтинуваат сите горива

BiznisPRO

Конечно: Џејми Оливер отвора ресторан на Балканот

BiznisPRO

Доаѓа продолжен викенд, познати сите неработни денови за 2024

BiznisPRO