Во недела на 29 октомври се враќа зимското сметање на времето. Тој ден ќе ги поместиме стрелките од 3 до 2 часа по полноќ и со тоа ќе добиеме дополнителен час за спиење.
Летното сметање на времето во Македонија започна во недела, на 26 март, кога часовниците се поместија еден час нанапред, односно од 2 до 3 часот по полноќ.
Компјутерите, мобилните телефони и другите современи уреди кои го покажуваат точното време автоматски ќе се „префрлат“ на зимско сметање на времето.
Ако сè уште имате аналоген приказ на времето или постар уред кој „не знае“ како да го прави тоа автоматски, не заборавајте да ги поместите стрелките еден час наназад, од 3 до 2 часа.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...