МВР на Србија ги предупреди граѓаните: Не го правете ова ни случајно за “црниот петок” – овие совети важат и за Македонците

Министерството за внатрешни работи на Србија по повод распродажбата на „Црниот петок“ ги предупреди граѓаните да внимаваат при купување преку интернет.

Министерството за внатрешни работи на својот официјален профил на Инстаграм посочува дека граѓаните треба конкретно да ја проверат веб-адресата од која вршат набавки или плаќање.

„Не плаќајте на страници кои сте ги добиле преку линк преку е-пошта или социјални мрежи“, се наведува во соопштението.

Исто така, потребно е граѓаните да проверат дали е заштитен преносот на податоци во комуникацијата со страницата што ја посетуваат, како и да користат HTTPS и SSL протоколи.

Министерството за внатрешни работи ги предупредува граѓаните во никој случај да не испраќаат информации за платежните картички преку електронска пошта или други средства за комуникација.

„Ако некој ве замоли да ја сликате предната и задната страна на вашата картичка и да му ја испратите таа слика, не правете го тоа, речиси сигурно е обид за измама“, предупредуваат од МВР на Србија.

Оттаму додаваат дека при плаќањето потребно е да се провери сигурноста на плаќањето на веб-страницата и да се плаќа само онаму каде што е верификувано од Visa или MasterCard.

„Проверете што ви се нуди на Интернет. Кога ќе наидете на нешто што е „премногу добро за да биде вистина“, размислете двапати пред да одлучите да го купите“, велат од Министерството.

Можеби ќе ве интересира...

На ФЕИТ презентирани осум иновативни студентски проекти

BiznisPRO

Ангеловска-Бежоска ‒ Бјерде: Светската банка и натаму ќе ја поддржува Народната банка за јакнење на финансиската стабилност

BiznisPRO

КАДЕ Е НАЈВИСОКАТА СААТНИЦА: Ова се најплатените дополнителни работни места во Германија пред празниците

BiznisPRO