Најниска инфлација за речиси три години

Годишната стапка на инфлација во Унгарија падна на 3,8 отсто во јануари од 5,5 отсто во декември, објави денеска Централниот завод за статистика на Унгарија KSH.

Инфлацијата во Унгарија сега е најниска од март 2021 година.

Цените на храната се зголемија за 3,6 отсто на годишно ниво, забавувајќи се од декемвриските 4,8 отсто, исто како и цените на алкохолните пијалоци и тутунот, зголемувајќи се за 8,1 отсто во јануари наспроти 10,3 отсто во декември.

Во услужниот сектор, исто така, е забележано забавување на растот на цените на годишна основа, на 10,4 отсто од декемвриските 12,4 отсто, објавено е на веб-страницата на КСХ.

Годишната основна стапка на инфлација во Унгарија падна на 6,1 отсто од 7,6 отсто во декември.

На месечно ниво цените се зголемени за 0,7 отсто во однос на декември, но облеката и обувките поевтинуваат за 2,1 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Од 563 до 1.198 евра: Државна помош ќе можат да добијат лица без постојана адреса

BiznisPRO

Кремљ: Нема веднаш да го исклучиме гасот за земјите кои не плаќаат во рубли

BiznisPRO

Инфлацијата се зголеми во Германија: во 2023 година беше повисока за речиси 6 проценти

BiznisPRO