Инфлацијата се зголеми во Германија: во 2023 година беше повисока за речиси 6 проценти

Инфлацијата во Германија се зголеми за 5,9 отсто на годишно ниво во 2023 година, објави денеска германската федерална статистичка служба Дестатис.

„Годинашниот раст на инфлацијата е помал од историскиот максимум од 6,9 отсто во 2022 година, но сепак е висок, а цените на храната особено се зголемија во текот на изминатата година“, рече претседателката на Дестатис, Рут Бренд.

Годишната стапка на инфлација во Германија се искачи на 3,7 отсто во декември од ноемвриските 3,2 отсто, во согласност со претходната прелиминарна прогноза, соопштува Destatisa.

Цените на енергијата во декември пораснаа за 4,1 отсто на годишно ниво, додека цените на храната пораснаа за 4,6 отсто, што е побавно од ноемвриските 5,5 отсто.

Годишната стапка на базичната инфлација во Германија падна на 3,5 отсто во декември од 3,78 отсто во ноември и сега е најниска од јули 2022 година.

Можеби ќе ве интересира...

Бродовите одат по подолг пат: Или цените се високи или гигантите остануваат без залиха

BiznisPRO

Нова цена на горивата – Се очекува поевтинување

BiznisPRO

Автомобилскиот гигант објави лоши вести

BiznisPRO