Натпревар „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2024“

На 23.3.2024г., по 18-ти пат се одржа финалето од натпреварот „Најдобар бизнис концепт 2024: Натпревар за зелени иновации“, организиран во рамки на европскиот проект ГРИНОВЕТ преку Центарот за извонредност во зелени иновации (ЦИЗИ) при Машинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Натпреварот наменет за средните училишта во нашата држава беше организиран во соработка со: Македонија2025, Халкбанка АД Скопје, Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ), Сојузот на стопански комори на Македонија, Раде Кончар ТЕП и АСУЦ Боро Петрушевски – Скопје.

Главната цел на овој натпревар е да се поттикне претприемачкиот дух на младите во насока на развој на зелени иновации.

Најдобрите 16 тимови, со учество од над 100 ученици и ментори од средните училишта, ги презентираа своите бизнис концепти пред 7-члена жири комисија.
Оваа година, првото место припадна на тимот „Grainovation“ од СОУ „Гоце Делчев“, Валандово, на второ место се најде тимот „Terramea” од СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, Скопје, а третото место го делат “ShutterSun” од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“, Скопје и „TrashPinger“ од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски”, Охрид.

Првопласираните 4 тима ќе добија пригодни награди од страна на партнерите Македонија2025 и Халкбанка АД Скопје, а победниците ќе учествуваат на меѓународниот натпревар за зелени иновации кој ќе се одржи во април 2024 во Грац, Австрија, поддржан од европскиот проект ГРИНОВЕТ (https://www.greenovet.eu/).

Можеби ќе ве интересира...

Потпишан нов Договор за соработка на Народната банка и Државниот завод за статистика

BiznisPRO

УЈП со советодавна посета на пазарот на ракотворби во ГТЦ и на закупувачи на штандови на Виноскоп во Скопје

BiznisPRO

Утре започнува јубилејната Десетта меѓународна конференција во организација на Народната банка

BiznisPRO