Нина Ангеловска и Петар Ниновски на втората конференција „Чувари на мудроста“ во организација на Халкбанк АД Скопје

Успешните млади претприемачи Нина Ангеловска и Петар Ниновски ќе бидат дел од говорниците на конференцијата „Чувари на мудроста“, која во организација на Халкбанк, ќе се одржи на 11 јуни во МКЦ. Целта на настанот е студентите и младите кои се на почеток на својата кариера, да ги чујат и да добијат инспирација од советите на вкупно 16 говорници, меѓу кои има академици, професори, граѓански активисти, културни работници, креативци.

Преку интересни разговори, панелистите ќе ги раскажат своите професионални приказни и ќе споделат тактики за успех кои тие ги користеле за време на нивниот професионален развој.

Нина Ангеловска, пионерка во е-трговијата во Македонија и регионот, како дисциплинираниот и искрен пристап во работењето ѝ помогнале да изгради успешна бизнис приказна уште пред да наполни 30 години.

„Мојата професионална кариера е резултат на бројни патувања и запознавање на претприемачи и експерти од целиот свет. Собирањето искуства и знаења од различни култури и деловни практики ми помогна да го збогатам моето разбирање за дигиталната економија и да го применам тоа во Македонија. Мојот совет до младите е да останат оптимисти и постојано да работат на своите силни и слаби страни. Способноста за брзо учење и адаптибилност се клучни за успех“, вели Ангеловска.

На втората конференција „Чувари на мудроста“ ќе говори и Петар Ниновски, кој со својата страст за иновации и едукација, пред присутните ќе сподели искуства, предизвици и вредни совети.

„Храброста да пробате нови нешта и да излезете од зоната на комфор ви отвора нови можности. Истрајноста е она што ве држи на патот кон успехот дури и кога се чини дека не се движите напред. Никогаш не се откажувајте. Имајте верба во себе и во вашите способности. Две работи постојано ме туркаат напред – првата е пасијата за едукација, а втората е тоа што постојано сум параноичен за бизнисот. Ваквата параноја е здрава затоа што те подготвува да ги предвидиш потенцијалните проблеми и не ти дозволува да останеш на статус кво. Моето мото е: Only the paranoid survive!“ советува Петар Ниновски, основач и управител на Brainster, основач на Brainster Next Колеџ и Brainster Albania.

Конференцијата „Чувари на мудроста“ е бесплатна и отворена за сите млади. Заради ограничениот број, сите заинтересирани треба да се регистрираат и да го пријават своето учество на следниот линк: bit.ly/Конференција-ЧувариНаМудроста

Во рамки на конференцијата ќе се одржат работилници за дефинирање и развој на бизнис идеи кои ќе произлезат од младите. Присутните ќе имаат можност да посетат и работилница за брендинг на стартап компании. Младите, на настанот ќе добијат изненадувања од организаторот, а најсреќните од нив и вредни награди.

Можеби ќе ве интересира...

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

BiznisPRO

“Алкалоид” повторно дел од најреномираниот глобален фармацефтски собир CPHI

BiznisPRO

Здравите навики се создаваат уште од најмала возраст. Успешно заврши  Виталиа детската трка 2024

BiznisPRO