Нов скандал го тресе крипто пазарот: Тие се виновни за се

Најголемата светска крипто берза Binance се согласи да плати судска спогодба од околу четири милијарди долари.

Нејзиниот основач и извршен директор Чангпенг Жао се изјасни за виновен пред американскиот суд за неуспехот да спречи перење пари на платформата.

Жао поднесе оставка како извршен директор на компанијата, а Бајнс призна дека го прекршил Законот за банкарска тајна на САД и програмата за санкции и дека не пријавил сомнителни трансакции.

„Ако користите нова технологија за да го прекршите законот, вие не сте иноватор, туку криминалец“, рече американскиот државен обвинител Мерик Гарланд, кој спогодбата ја нарече една од најголемите корпоративни казни во историјата на САД.

Американското Министерство за финансии објави дека како дел од судската спогодба ќе ја следи работата на крипто берзата Binance во следните пет години и дека оваа компанија се обврза постепено целосно да го напушти американскиот пазар.

Компанијата Binance изјави дека донела „погрешни одлуки“ бидејќи брзо прераснала во најголемата светска крипто берза и додаде дека ја признава својата кривична одговорност со судската спогодба.

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен истакна дека Binance обработувал трансакции на „нелегални актери“ и на тој начин „поддржал активности како што се сексуална злоупотреба на деца, трговија со дрога или тероризам во повеќе од 100.000 трансакции“.

Binance не поднесе никакви извештаи за сомнителни активности поврзани со тие трансакции, а компанијата дозволи повеќе од 1,5 милиони тргувања со криптовалути кои ги прекршија американските санкции, нагласи Јелен.

Според неа, трансакциите на платформата Binance ги вршеле и бригадите на Хамас Ал Касам или сунитската Ал Каеда.

Можеби ќе ве интересира...

Инвеститорите се повлекуваат од Кина

BiznisPRO

Инфлацијата во Унгарија падна

BiznisPRO

ЕП ја продолжи суспензијата на царините за украинските производи

BiznisPRO