ОБЈАВЕН СПИСОК СО ИМИЊА НА ЛУЃЕ И ФИРМИ: УЈП откри кој колку должи за данок

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.02/2024 за долгови доспеани до 31.10.2023 и неплатени до 31.01.2024 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

На Листата на должници бр.02/2024 објавени се 1872 должници – правни лица (повеќе за 15 од претходната листа) и 3628 физички лица (помалку за 85 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2024 изнесува 10.345.995.706 денари, (повеќе за 242.063.868 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.141.312.568денари, (повеќе за 220.936.090 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 204.683.138 денари (повеќе за 21.127.778 денари од претходната листа).

Листата е достапна на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира...

Отворени понудите за универзален снабдувач на електрична енергија за потрошувачите на регулираниот пазар

BiznisPRO

ПАЃААТ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА: Состанок се очекува поради дневните ограничувања на производството во наредната година

BiznisPRO

МФ: Новата методологија за пресметка на данокот на моторни возила ќе има влијание кај луксузните возила со поголема моќност поради повисокото ниво на загадување

BiznisPRO