Од сега во кеш нема да може да се плаќа повеќе од 2.000 евра – Властите го намалија лимитот за плаќање во готовина

Согласно член 204 од Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, лимитот за готовински плаќања во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во форма на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, кои не се извршени преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги се намалува на износ од 2.000 евра почнувајќи од 01.01.2024 година.

Лимитот за плаќање во кеш досега беше 3.000 евра, а од први јануари изнесува 2.000 евра.

Согласно законот, од први јануари 2025-та година граѓаните во кеш ќе може да плаќаат максимум 1.000 евра.

Можеби ќе ве интересира...

Тргнува исплатата на пензијата во редовен рок, некои од банките ќе ја дадат предвреме

BiznisPRO

Какви се цените на горивата во Македонија, регионот и Европа?

BiznisPRO

Ќе поскапат ли горивата? – Денеска РКЕ носи нова одлука

BiznisPRO