Пад на економската активност во еврозоната

Економската активност во еврозоната продолжи да се намалува и во декември.

Индексот на менаџери за набавка (PMI) се зголеми од ноемвриските 44,2 поени на 44,4 поени, според S&P Global, но остана под границата од 50 поени што укажува на пад на активноста.

Помал бил обемот на производството и бројот на работни места.

И покрај тоа што индексот остана под границата од 50 поени, резултатот е најдобар во последните седум месеци. На ова влијаеше малото влошување на деловните услови во Германија и Италија.

Франција, пак, доживеа најголемо влошување на условите во повеќе од три и пол години. На второ место, најголем напредок постигна Грција.

Очекувањата за раст се подобрија кон крајот на минатата година. Производителите беа пооптимисти во декември, што не се случило од април минатата година.

Трошоците за производство продолжија да паѓаат, но послабо од претходните месеци.

Можеби ќе ве интересира...

Цената на нафтата може да скокне на 120 долари: Пазарните превирања се закануваат да го забават растот во сите големи светски економии

BiznisPRO

„Брако“ стартува со нова производствена програма, 450 тона метални конструкции годишно ќе се испорачуваат во Австрија

BiznisPRO

Паѓаат цените на нафтата: Најниска сума во последните три недели

BiznisPRO