ПАД ЗА 10% ВО СПОРЕДБА СО ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА: Издадени 318 одобренија за градба во ноември 2023

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2023 година се издадени 318 одобренија за градење, што е за 10.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 11 726 317 илјади денари, што е за 31.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 171 (53.8 %) е наменето за објекти од високоградба, 70 (22.0 %) за објекти од нискоградба и 77 (24.2 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 318 објекти, на 182 (57.2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 136 (42.8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 655 станови, со вкупна корисна површина од 55 047 м2.

Можеби ќе ве интересира...

Доаѓа ново покачување на пензиите во септември

BiznisPRO

Замрзнати цените на огревното дрво и пелетите

BiznisPRO

Пет златни совети како да заштедите гориво – ако ги почитувани овие правила трошоците ќе ги намалите и до 20 проценти

BiznisPRO