Пет членки на ЕУ бараат воведување царини за украинските житарки

Пет земји-членки на Европската унија, Бугарија, Полска, Унгарија, Романија и Словачка побараа воведување царини за украинските житарки.

Овие земји испратија заедничко писмо до Европската комисија (ЕК) во кое бараат воведување царини за украинските житарки поради нелојална конкуренција, соопшти денеска Министерството за земјоделство на Унгарија.

Земјоделците во петте земји „претрпеа значителна штета“ откако Европската унија ги суспендираше увозните квоти и царините за жито од Украина, се вели во писмото, пренесува Ројтерс.

„Извозот на жито од Украина ги турка земјоделците од земјите на ЕУ од нивните традиционални извозни пазари“, велат министрите во писмото упатено до еврокомесарот за трговија Валдис Домбровскис и до комесарот за фарми Јануш Војчеховски.

Министрите на петте земји истовремено бараат од Европската комисија да разгледа дали упатствата за производство на Украина се во согласност со стандардите на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира...

Поддршка од ЕУ за консолидација на земјиштето

BiznisPRO

Земјоделци, проверете ги сметките: Државата предвреме исплати многу субвенции

BiznisPRO

АФПЗРР: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

BiznisPRO