Пиварницата ги зголемува цените

Новиот извршен директор на данскиот производител на пиво Карлсберг Јакоб Аруп-Андерсен изјави дека неговата компанија ќе продолжи да ги зголемува цените на пивото во 2024 година.

Тој исто така најави дека ќе се обиде да го поттикне растот во Азија за да ја надомести загубата во Русија.

Тој рече дека цените на пивата Карлсберг ќе продолжат да растат и во 2024 година со цел компанијата да ги покрие зголемените влезни трошоци, но поскапувањето ќе биде нешто поблаг отколку во претходните две години, пренесува Блумберг.

Компанијата планира да го зголеми својот асортиман на безалкохолни и нискоалкохолни пива, додаде Аруп-Андерсен, велејќи дека безалкохолните пива во нордиските земји би можеле да заземат дури 10 отсто од пазарот во следните пет години.

Шефот на Карлсберг истакна дека е за зголемување на инвестициите на пазарите кои брзо се развиваат – во земји како Кина, Виетнам и Индија.

Во јули руската влада ја заплени компанијата на Карлсберг Балтика, која вработуваше околу 8.400 луѓе и имаше удел од 13 отсто во вкупните приходи на Карлсберг, потсети Аруп-Андерсен, поранешен банкар во Голдман Сакс.

Извршниот директор на Carlsberg, кој оваа функција ја презеде на 1 септември, најави дека повеќе детали за деловната стратегија на компанијата ќе објави во февруари.

Можеби ќе ве интересира...

Русите стануваат посиромашни? „Платата не ни е доволна да ги покриеме трошоците“

BiznisPRO

Дали пелетите слабо се трошат? Паднаа и до 220 денари по вреќа – Дали и оваа зима ќе се грееме со клими?

BiznisPRO

Петок е неработен ден – Објавена е листата на сите празници во 2024-та

BiznisPRO