Почнува исплатата на пензиите – Покачувањето доаѓа од следниот месец

Исплатата на августовската пензија се очекува да започне на први септември.

На сметките на пензионерите кои примаат пензија до 14.000 денари пензијата ќе им биде достапна на 1. септември, додека на останатите во следните денови.

Пензијата изминатиот период се исплаќаше некогаш и предвреме, но од минатиот месец најверојатно започна да се исплаќа во законскиот рок. Практиката за исплата на пензиите предвреме беше воведена за време на коронавирус кризата, а некогаш и за време на големите христијански и муслимански празници.

Од следниот месец следува покачување од 6,8 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Изминатото деноноќие произведени 10.609 MWh електрична енергија

BiznisPRO

Народната банка продолжува со збогатување на статистиката ‒ нов показател за должничките хартии од вредност

BiznisPRO

Пет илјади странци подготвени за македонска плата да ги пополнат празните работни места

BiznisPRO