• март 28, 2022
  • 1 МИНУТА ЧИТАЊЕ

Пониска цена на црното злато: Денеска нафтата нешто поевтина

Пониска цена на црното злато: Денеска нафтата нешто поевтина

Цената на нафтата на светскиот пазар денеска падна за повеќе од шест долари поради стравувањата од пад на побарувачката за овој извор на енергија во Кина, откако во Шангај беше воведена блокада со цел да се потисне ширењето на корона вирусот.

Во Лондон, цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море е помала од 5,97 долари и сега е 114,68 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 5,93 долари на 107,97 долари за барел.

И двата вида енергија на крајот на неделата се зголемија за 1,4 отсто.

Во Шангај беше воведена двонеделна блокада во обид да се спречи ширењето на коронавирусот.

Пазарниот аналитичар од „SEB Bank“ Бјарн Шилдроп изјави дека поради блокадата во Шангај, побарувачката на нафта во Кина, која е најголем увозник во светот, се очекува да биде помала за 800.000 барели дневно во април во споредба со „нормалните “ нивоа.

Поврзани соддржини

Нова цена на горивата

Нова цена на горивата

Утре регулаторната комисија за енергетика стандардно како и секој понеделник ќе ја…
Пет златни совети како да заштедите гориво – ако ги почитувани овие правила трошоците ќе ги намалите и до 20 проценти

Пет златни совети како да заштедите гориво – ако…

Со малку внимание и размислување додека возите, можно е да заштедите до…
Лоша вест: Поскапуваат горивата за 3 денари од литар, ова се новите цени кои ќе важат од полноќ

Лоша вест: Поскапуваат горивата за 3 денари од литар,…

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе…