Компанијата Боди Шоп, по Велика Британија, ја прекинува работата и во САД и во Канада.
Компанијата е во финансиски проблеми и е принудена да ги преструктуира своите капацитети.
Британскиот синџир на производи за убавина објави дека неговата филијала во САД престанала со работа на 1 март, додека нејзиниот канадски огранок почнал да ликвидира десетици продавници само неколку недели по лансирањето на слична операција во Велика Британија.
Канадскиот Body Shop вели дека вкупно 105 продавници се уште се отворени, а дека 33 ќе бидат затворени „во блиска иднина“. Информациите за времето на ликвидација на продавниците во САД не се наведени.
Портпаролот на FRP, кој е ангажиран од The Body Shop за да помогне во надминувањето на финансиските проблеми на компанијата во Велика Британија, денеска изјави дека во следните пет недели се планира затворање на 82 од нејзините 198 продавници во Британија.
FRP не врши надзор над подружниците на таа компанија во САД и Канада. АП потсетува дека Body Shop, основана во 1976 година, како продавач на сапуни, креми и шминки, стана многу популарна во 1980-тите, по што порасна до тој степен што има продавници во околу 80 земји.
Во 2006 година, сопственичката Анита Родик и нејзиниот сопруг ја продадоа компанијата на гигантот од таа област Лореал, а подоцна ја презеде бразилската Натура, потоа Аурелиус, приватна инвестициска компанија специјализирана за купување компании во неволја.