Црвено море / фото Бизниспро

Приходите од Суецкиот канал се намалени за 40 отсто од почетокот на годината

Од почетокот на годината, египетските приходи од патарините преку Суецкиот канал се намалени за 40 отсто во споредба со истиот период во 2023 година, изјави шефот на управата на Суецкиот канал, Осама Раби.

Бродскиот сообраќај е за 30 отсто помал во периодот од 1 до 11 јануари, во споредба со истиот период претходната година, од 777 на 544.

Суецкиот канал е клучен извор на странска валута што му е потребна на Египет. Властите во Каиро во последните години се обидоа да го зголемат овој приход, поради што каналот беше проширен во 2015 година.

Јеменските Хути со недели напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море за да ја поддржат палестинската милитантна група Хамас во нејзината борба против Израел. Многу комерцијални превозници ги пренасочија бродовите на други рути.

Можеби ќе ве интересира...

Инфлацијата во Аргентина надмина 250 отсто

BiznisPRO

На сила стапија ограничувањето на руската цена на нафтата и забраната за увоз во Европската унија

BiznisPRO

ОБЈАВЕН СПИСОК СО ИМИЊА НА ЛУЃЕ И ФИРМИ: УЈП откри кој колку должи за данок

BiznisPRO