Проверете ги сметките: До крајот на годинава треба да биде исплатен К-15!

До крајот на годинава треба да биде исплатен Регресот за годишен одмор. Со растот на просечната плата во Македонија, порасна и минималниот износ за К-15, кој, оваа година ќе изнесува најмалку 14.000 денари.

Оваа бројка се добива кога ќе се земат предвид последните просечни месечни плати што ги објавил Државниот завод за статистика и кога од нив ќе се пресмета правото на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти.

Исплатата на К-15 или регрес за годишен одмор законски требаше да почне од 1 јули годинава во сите фирми и институции во државата, зошто не постои компанија која е ослободена од плаќање на регрес за годишен одмор кој им следува на работниците.

Со доаѓањето на крајот на календарската година, така се стеснува и рокот до кој мора сите компании на своите работници да им го исплатат К-15.

Казните се ригорозни. За неисплата на К-15 предвидена е глоба до 4.000 евра, а за работодавачите кои бараат да им се вратат исплатените пари и затворска казна од три месеци па се до една година.

К-15 или регрес за годишен одмор беше укинат изминатите децении, но владата на СДСМ реши да го врати прво во приватниот сектор, а потоа и во јавниот.

Од оваа година за прв пат после две децении регрес за годишен одмор од по 10.000 денари ќе добијат и наставниците.

Последно наставниците К-15 добиле наво 2000-та година и тоа наместо пари, добиваа канти сирење, маслинки и месни производи.

Можеби ќе ве интересира...

Светски берзи: Берзата заглави по силниот раст од почетокот на годината

BiznisPRO

Бектеши: Продолжува трендот на намалување на потрошувачката на електрична енергија кај државните институции, министерствата во октомври оствариле 33% заштеда на струја

BiznisPRO

Нова цена на горивата – По падот на нафтата на светските берзи може да очекуваме големо намалување и на бензинот и дизелот?

BiznisPRO