Рекордни 893 апликации за стипендии од Семос Академии

Во пресрет на мартовските уписи, скоро 900 лица аплицираа за стипендии на Семос Академии во вкупна вредност од 14.000 Евра. Следува тестирање, а потоа и серија настани на кои сите заинтересирани ќе можат да се запознаат со најбараните професии од новата ера и како да започнат кариера во истите.

Мартовските уписи за Семос Академии се во полн ек, а од почетокот на оваа година интересот е огромен: примени се 893 апликации за стипендирање! Академиите се наменети за различни групи на луѓе – од матуранти и студенти кои сакаат да ја продолжат својата едукација на меѓународно признаена академија, преку невработени кои сакаат да се квалификуваат за некоја од професиите, сè до вработени кои сакаат да ги надградат своите знаења или да направат кариерна промена. Вкупната вредност на стипендиите кои Семос Академии ќе ги доделат изнесува дури 14.000 Евра, а тестирањата ќе се одржат во периодот од 31 јануари до 2 февруари.

Уште мал број на достапни места за академиите кои почнуваат во март

„Академиите кои започнуваат во месец март располагаат со уште мал број на слободни места, а групите се пополнуваат побрзо од било кога“ – вели Дијана Василевска од Семос Едукација. „Од коментарите кои ги добиваме од пријавените, главните причини поради кои се запишуваат на Семос Академии е персонализираниот пристап, работата во мали, фокусирани и строго ограничени групи (12-15 слушатели), како и можноста да се стекнат со меѓународно признаени сертификати од најголемите светски брендови како Microsoft, Autodesk, Adobe, ISTQB, CertNexus и т.н.“.

Обука со инструктори во реално време

Она што ги прави Семос Академии различни од останатите е фактот што наставата на сите академии се одвива со инструктор во реално време, наместо со веќе снимени материјали. „Последното глобално истражување на LLPA (Leading Learning Partners Association) вели дека дури 98% од студентите кои следат обука со инструктор во реално време, успешно ја завршуваат обуката и се стекнуваат со сертификат, наспроти само 1,7% од слушателите кои слушаат снимени обуки и академии. Токму затоа, во Семос Академии стоиме цврсто на одлуката сите академии да продолжиме да ги работиме со инструктори во реално време, што гарантира задоволни, вработливи и среќни студенти.“ – додаде Дијана Василевска, координатор академиите.

Запознајте се со првите светски признаени академии на специјалните отворени денови на Семос Академии во февруари

Доколку сè уште не сте сигурни дали сакате да се запишете на академија или се двоумите кој е вистинскиот избор за вас, од Семос Академии најавија серија настани во текот на февруари кои ќе се одржат во StartUp Club во Скопје (локација).

Пријавите за присуство на настаните се веќе отворени, а присуството е одлична можност да научите нешто ново, да се информирате за професиите од новата ера, како и да донесете вистинска одлука за вашиот кариерен развој.

Дополнителна вредност за секој слушател

Од оваа година, секој слушател на Семос Академии добива и дополнителна вредност – Семос Премиум Пакет – бесплатни курсеви во еден пакет во вредност од 500 Евра и тоа: фриленс курс во вредност од 200 Евра (бидејќи фриленс работењето е одлична можност за почеток на кариера по завршување на академијата), GenAIBIZ обука во вредност од 200 Евра (напредна обука која вклучува основи на вештачка интелигенција, генерирање на текст, код, слики, аудио и видео користејќи AI алатки) како и обука за лична организација и менаџмент ориентиран кон резултати, во вредност од 100 Евра.

Што е следно од Семос Академии?

Во март, следува Semos Academy Awards, настан на кој официјално ќе бидат доделени стипендиите за студентите кои ќе започнат со академија во март, но и наградите за најдобрите студенти на Семос Академии во изминатата 2023 година.

Можеби ќе ве интересира...

Индија гради три фабрики за чипови вредни повеќе од 15 милијарди долари

BiznisPRO

Тесла испадна од листата

BiznisPRO

VIVO телефоните официјално и во Македонија

BiznisPRO