Руската рубља е најсилна во однос на доларот и еврото од крајот на јуни

Денеска руската валута ја достигна највисоката вредност во однос на доларот и еврото од 30 јуни.

Според податоците на Московската берза, американскиот долар денеска во 14 часот се продаваше за 88,03 рубљи, а еврото за 96,42 рубљи.

Руските извозници се подготвуваат за периодот на плаќање данок и им се закануваат значителни казни доколку одбијат да ја продадат заработката во странска валута, пренесува Комерсант.

Според аналитичарите, до крајот на месецот курсот на доларот може да падне меѓу 83 и 85 рубли за долар.

На 27 октомври Банката на Русија ја зголеми референтната каматна стапка за 200 базични поени на 15 отсто и во таа прилика констатира дека инфлациските притисоци во Русија се искачиле над очекувањата, пренесуваат медиумите.

Централната банка на Русија соопшти дека со оваа мерка сакаат да ја потиснат инфлацијата до четири проценти во 2024 година.

Можеби ќе ве интересира...

Биткоинот вреди повеќе од 44.500 евра, што е благ пад за повеќето големи криптовалути

BiznisPRO

Раст ќе има на светскиот пазар во автомобилската индустрија и годинава

BiznisPRO

Кинезите ја укинаа забраната: Првиот руски извоз во Кина по 15 години

BiznisPRO