Само 9 години има најмладиот милионер во Македонија, најстариот има 97

Најмладиот милионер во земјава има 9 години со 1 милион денари од закупнина, а највозрасниот има 97 години и минатата година остварил доход од 1,2 милиони денари, по однос на пензија и доход од извршена работа.

Ова меѓудругото денеска го изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска на прес-конференцијата на тема: „Годишна даночна пријава – Највисок доход во 2022 година“.

За најмладото лице милионер во Македонија, Лукаревска рече дека се работи на средства по основ на некакво наследство и оттаму се влечат приходите.

Сања Лукаревската обелодени дека најголемата месечна бруто плата минатата година била во дејноста трговија на големо со тутун и изнесувала 195.000 евра.

Можеби ќе ве интересира...

Цените на нафтата скокнаа на 78,76 долари

BiznisPRO

Курсна листа за 21 февруари 2024 – Колку е доларот, а колку еврото?

BiznisPRO

КАДЕ Е НАЈВИСОКАТА СААТНИЦА: Ова се најплатените дополнителни работни места во Германија пред празниците

BiznisPRO