Се поголема рецесијата во Германија?

Падот на потрошувачката и слабеењето на светската економија ја доведоа германската економија во застој минатото лето.

Бруто домашниот производ во третиот квартал падна за 0,1 отсто во однос на претходниот, објави во петокот Федералното биро за статистика.

Минусот е забележан во третиот квартал земајќи ги предвид ценовните, сезонските и календарските ефекти. Институтот сега ги потврди своите прелиминарни проценки.

Невообичаено високата инфлација сè уште ги оптоварува потрошувачите кои можат да купат помалку за своите пари. Многумина ги намалија трошоците. Годишната инфлација во октомври изнесува 3,8 отсто, по 4,5 во септември и 6,1 во август. Цените на храната силно пораснаа и во октомври.

Во исто време, германската економија, која е нормално извозно ориентирана, го чувствува забавувањето на глобалната економија. Извозот, кој е мотор за раст на германската економија, падна во текот на летото. Извезени се вкупно 0,8 отсто помалку стоки и услуги во однос на вториот квартал.

За падот придонесоа и зголемените каматни стапки, кои ја намалуваат побарувачката, меѓу другото во градежниот сектор. Од друга страна, податоците покажуваат дека економијата добила поттик од инвестициите на автомобилската и машинската индустрија.

Централната банка на Германија, Бундесбанк, очекува дека домашната економија ќе се бори да излезе од слабата фаза во која се наоѓа откако Русија ја започна војната во Украина. Во четвртиот квартал, БДП би можел повторно малку да потоне.

Економистите и владата очекуваат дека најголемата европска економија ќе биде во рецесија цела година, пред да почне повторно да расте во 2024 година.

БДП покажува колку добро или слабо се развива економијата на една земја. Се брои се што се произведува во одреден период. Вредноста на услугите и потрошувачката на населението, како и инвестициите на компаниите – на пример во машини – исто така се вклучени во пресметката.

Најголемата ставка е приватната потрошувачка. Втората компонента е трговскиот биланс – разликата помеѓу вредноста на извозот и увозот.

Можеби ќе ве интересира...

Цените на нафтата паѓаат

BiznisPRO

Американската агенција го намали кредитниот рејтинг на Русија, и сега е чекор поблиску до банкрот

BiznisPRO

„ЕВН Онлајн“ освои две главни награди на натпреварот „Награди во е-трговијата“ за 2023 година

BiznisPRO