SEC го одобри првиот Bitcoin ETF: Еве кои компании ќе го издаваат и што ќе се случи со цената на криптовалутата сега

Американската Комисија за хартии од вредност (SEC) го одобри првиот Bitcoin ETF (Exchange Trade Fund), изјави нејзиниот претседател Гери Генслер во соопштението од оваа агенција. Ова долгоочекувано зелено светло од американската владина агенција означува уште една пресвртница во развојот на крипто-индустријата и чекор напред во широкото прифаќање на криптовалутите, особено Биткоинот.

КХВ одобри издавање на ваков вид средства, меѓу другите, на компаниите Blackrock, Ark Investments, 21Shares, Fidelity, VanEck, се вели во соопштението на веб-страницата на комисијата.

Се очекува тргувањето со овие инструменти да започне веќе во четврток.

Со години се шпекулира дека овој вид финансиски производ ќе биде голем чекор за Биткоин, нудејќи им на институционалните и на другите инвеститори поголема изложеност и можност да инвестираат во најголемата криптовалута во светот, без директно да ја поседуваат.

Што се однесува до цената, во последните неколку месеци, главно поради исчекувањето на објавувањето на Bitcoin ETF, цената на оваа криптовалута скокна за околу 70 отсто, а огромното мнозинство аналитичари истакнуваат дека овој тренд само ќе продолжи.

Можеби ќе ве интересира...

Проверете ги сметките: Парите од “Мој ДДВ” легнаа на сметките на граѓаните

BiznisPRO

Поскапи и елките

BiznisPRO

Доларот нагло падна: еврото зајакна по пораките од ЕЦБ и ФЕД дека каматните стапки наскоро би можеле да се намалат

BiznisPRO