Што можеше да се купи со минимална плата од 9.000 денари во 2017 година, а што денес со 22.000 денари?

Од минатата година висината на минимална плата не се преговара, нема договори, нема уцени, туку таа е дефинирана согласно закон и методологија и ќе расте секоја година.

Иако голем број професори предупредуваа дека ќе расте инфлацијата доколку се зголеми минималната плата, сепак ова сценарио не се случи, напротив годината Северна Македонија ја заврши со едноцифрена инфлација

Во 2012 година биле потребни 3,9 минимални плати за една потрошувачка кошничка, во 2017 година биле потребни четири плати, во 2019 година доаѓаме до ситуација кога тоа се намалува на 2,2 минимални плати, во 2023 потребни 2,1 минимална плата за една потрошувачка кошничка.

Според статистиките за шест години просечната плата е зголемена за 15.487 денари и ако во 2017 година, просечната плата изнесувала 23.356 денари, во октомври 2023, 38.843 денари или 630 евра. Значителен скок има и кај минималната плата.

Ако до 2017 минималната плата беше до 9000 ден и не со иста вредност во сите дејности, сега таа изнесува 20.175 ден. а со усогласувањето во март се очекува минимална плата од 22 500 ден.

-Се обврзавме за време на кризата да ја задржиме минималната плата во висина од 14.500 денари и ветивме дека по завршувањето на истата ќе обезбедиме пораст од 40% и тоа денес е реалност. Некогашната минимална плата од 8 000 денес изнесува 20.175 денари, а во март следи уште едно усогласување и минималната плата ќе изнесува 22.500 денари, вели поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

Тренчевска: Сите одлуки ги носевме во договор со приватниот сектор

Доскорешната Министерка а сега заменичка во секторот труд и социјална политика, Тренчевска, смета дека достоинството на работникот е вратен преку вклучување на сите фактори во креирањето на државните политики. Токму функционирањето на економско-социјалниот совет ја прави земјава лидер во регионот во соработката на Владата со приватниот секотор, Синдикатите, пензионерите во водењето на дијалог и остварување на социјална стабилност.

-Грижата за граѓаните за нас како Влада е од особена важност, особено со фокус на подобрување на квалитетот на живот.
Затоа како Влада секогаш носиме системски решенија вклучувајќи ги во процесот на одлучување сите засегнати страни. Сите политики кои беа носени во изминатите две години беа дискутирани на економско социјалниот совет со што покажавме дека за нас социјалниот дијалог е приоритет. Тоа е одлика на Владата и нѐ прави лидери во регионот по ова прашање, вели таа.

Зголемувањето на минималната плата особено важно за над 80.000 вработени во текстилната, кожарската и чевларската индустрија

Парламентарното мнозинството недвосмислено застана зад правата на работниците. Зголемувањето на просечната плата се должи на зголемувањето на минималната плата. Пратеничката од редовите на СДСМ Жаклина Лазаревска, вели дека зголемувањето на минималецот особено го осетиле околу 80 илјади работнички од текстилната, кожарската,чевларската индустрија.

„До 2017 година односно пред 7 години минималната плата во земјава не беше еднаква за сите работници, во различни стопански гранки беше различна. Онаму каде работат најголемиот број работници како што се текстилната, кожарската ,чевларската индустрија минималната плата која ја земаа над 80 000 работници од кои најголемиот број се жени изнесуваше 8 700 денари, вели таа.

Можеби ќе ве интересира...

Падна одлука – Нови цени на горивата

BiznisPRO

Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри

BiznisPRO

Познатата минерална вода „Књаз Милош“ во рацете на чешка компанија

BiznisPRO