Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри

Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри во 2022 година.

Како што објави Евростат, трите најголеми производители на вино учествуваа со 83 отсто од производството во ЕУ.

Италија и Шпанија учествуваа со речиси пет милијарди литри, што заедно претставува 62 отсто од вкупното продадено производство во ЕУ, додека Франција произведе 3,4 милијарди литри или 20 отсто.

Други производители, кои надминуваат еден процент од вкупната количина во ЕУ, беа Германија со четири проценти, Португалија над два проценти и Унгарија под два проценти.

Водечки извозник на вино во 2022 година е Италија со извоз од 2,2 милијарди литри, што претставува 30 отсто од извозот на вино од ЕУ.

Членките на ЕУ минатата година извезле вкупно 7,2 милијарди литри вино.

Речиси половина, односно 3,2 милијарди литри или 44 отсто се извезени во земји надвор од Унијата.

Најмногу вино е извезено во Обединетото Кралство 0,7 милијарди литри или 23 отсто од извозот надвор од ЕУ, потоа САД 0,7 милијарди литри или 22 отсто, Русија 0,3 милијарди литри или 9 отсто и Канада 0,2 милијарди литри или шест отсто.

Најголеми извозници по Италија во 2022 година беа Шпанија со 2,1 милијарди литри или 29 отсто и Франција со 1,4 милијарди литри извоз или 19 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Рекордни цени во САД во последните 40 години: Инфлацијата се зголеми на речиси 8% во февруари

BiznisPRO

ОТИШЛА ВО ПРОДАВНИЦА ПО МАРГАРИН, А СЕГА МОРА ДА И’ ПЛАТАТ 7.750 ЕВРА: Се случи нешто што не го очекуваше, веднаш ги тужеше

BiznisPRO

Еве кој ќе може да добие пасош: Германската влада го одобри законот за двојно државјанство

BiznisPRO