Швајцарија прави драстичен потег поради дивите поскапувања

Швајцарија ги укина тарифите за увезените индустриски производи за да ги намали високите потрошувачки цени, објави владата во Берн.

Увозниците повеќе нема да плаќаат царини за производи за широка потрошувачка и за суровини, полупроизводи и машини. Царините за увоз на земјоделски производи остануваат во сила, информираат од министерството.

Со тој потег државата ќе загуби околу 600 милиони швајцарски франци (645 милиони евра) годишен приход, објави во вторникот Министерството за економија (SECO). Поволниот ефект врз економијата и граѓаните беше проценет, сепак, на 860 милиони франци (924 милиони евра).

Сумата вклучува 490 милиони франци заштеда за фирмите на царински давачки и најмалку 100 милиони за административни постапки.

Како што објасни експертот за SECO, Томас Цимерман, царинските давачки сочинуваа само околу 1,5 отсто од државните приходи во последниве години, а тие ја намалија конкурентноста на швајцарската економија и поддржаа високо ниво на цени, значително повисоки отколку во соседните земји.

Досега, Швајцарија има склучено договори за слободна трговија со Европската Унија и 43 други земји или групи на земји.

Можеби ќе ве интересира...

Како да бидете постојано фокусирани: Еве во кое време од денот правиме најмногу грешки на работа

BiznisPRO

Драстичен пад на цената на нафтата на светските берзи, расте доларот

BiznisPRO

Пад на цената на нафтата

BiznisPRO