Скок на инфлацијата во Шведска

Годишната стапка на инфлација во Шведска во јануари се зголеми на 5,4 отсто од декемвриските 4,4 отсто, објави денеска Шведскиот статистички институт СЦБ.

Пазарите очекуваа помал пораст на инфлацијата, на 5,1 отсто.

Цените на станбените и комуналните услуги во јануари пораснаа за 10,1 отсто на годишно ниво, значително забрзувајќи од декемвриските 3,3 отсто, што се должи на поскапувањето на струјата, месечните надоместоци за станови и хипотекарните трошоци за станбени згради.

Наспроти тоа, цените на храната и на безалкохолните пијалоци пораснаа со побавно темпо, за 3,8 отсто на годишно ниво наспроти декемвриските 5,3 отсто, како и цените на транспортот за 0,9 отсто наспроти декемвриските 4,3 отсто.

Цените во категоријата Рекреација и култура се зголемени за 4,5 отсто на годишно ниво, во образование за 3,2 отсто, а цените на услугите во рестораните и хотелите се зголемени за 4,9 отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Фејсбук слави 20 години: Дали се уште е водечка социјална мрежа?

BiznisPRO

ПАДНА ОДЛУКА: УЈП објави кога ќе бидат исплатени парите од повратот на данок преку проектот МОЈ ДДВ, едно семејство може да добие 33.600 денар на годишно ниво

BiznisPRO

Полноќен мејл на Илон Маск до вработените: Секој што нема да кликне на линкот добива отказ

BiznisPRO