Со имиња на фирми и луѓе УЈП објави список на должници – проверете кој се должи за данок

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.01/2024 за долгови доспеани до 30.09.2023 и неплатени до 31.12.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка. Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.
увоз.

На Листата на должници бр.01/2024 објавени се 1857 должници – правни лица (повеќе за 25 од претходната листа) и 3716 физички лица (повеќе за 74 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2024 изнесува 10.108.704.233 денари, (повеќе за 1.054.342.622 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.925.148.873денари, (повеќе за 1.078.256.547 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 183.555.360 денари (помалку за 23.913.925 денари од претходната листа).

Листата на должници е достапна тука.

Можеби ќе ве интересира...

Пензиите преку оваа банка ќе станат достапни веќе в понеделник

BiznisPRO

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година

BiznisPRO

Комерцијална банка со историски резултати незабележани во македонската банкарска историја – рекорден профит!

BiznisPRO