СПАС ЗА ЦРНИ ДЕНОВИ: Црногорците се’ повеќе штедат, имаат 2,6 милијарди евра во банките

И покрај дневните поскапувања и инфлацијата, во Црна Гора растат заштедите на граѓаните кои во банките имаат вкупно 2,65 милијарди евра, што е за 15 отсто повеќе од лани, покажуваат податоците на Централната банка.

Податоците на Централната банка покажуваат дека четвртина од вкупните депозити се во сопственост на странци, а само граѓаните на банкарски сметки имаат вкупно 2,65 милијарди евра.

– Споредено со истиот компаративен период во 2022 година, кога тие изнесуваа две милијарди 322,9 милиони евра. Годинава депозитите на граѓаните остварија раст од 331,4 милиони евра или 14,27 отсто. Краткорочните депозити сочинуваат 90,11 отсто, додека долгорочните депозити сочинуваат 9,89 отсто од вкупните депозити во системот – изјави за ТВЦГ Јован Марковиќ од Централната банка на Црна Гора.

Големата доверба на граѓаните да ги чуваат парите во банките не е придружена со раст на каматните стапки на штедењето. И додека каматите на кредитите пораснаа во однос на лани, тие паднаа на штедењето. Така, банките во просек земаат 6,47 отсто камата кога даваат пари, а само 0,24 отсто кога им давате, наведува РТЦГ.

Ваквиот сооднос на каматните стапки во Здружението на банки го оправдуваат структурата на депозитите и тврдат дека заработката од штедење е многу поголема од просечните приноси.

– Околу 82 отсто од вкупните депозити се депозити по видување каде што немате никакви каматни стапки или каматни приноси. Ова целосно ја менува вашата слика, бидејќи на годишно ниво во Црна Гора црногорските банки можат да добијат до три проценти од приходите на депозитите – објаснува Братислав Пејаковиќ од Здружението на банки, пишува Телеграф.

Од Централната банка, пак, скапите кредити и евтините заштеди ги оправдуваат со геополитичка неизвесност. Токму затоа тврдат дека профитот не е мотив за оние кои чуваат пари во банките.

– Имаме геополитичка ситуација која влијае на граѓаните да штедат за непредвидени околности, а не за инвестиции. И всушност, ова е една од причините зошто банките имаат историски максимум на депозити од населението и стопанството, од една страна, а од друга страна, го немаат тој притисок за промена или зголемување на каматните стапки – изјави Марковиќ.

Можеби ќе ве интересира...

Владата на Словенија ги утврди максималните малопродажни цени на горивата, одлуката трае 30 дена

BiznisPRO

По четврти пат зголемена минималната плата во Грција: Од 1 април минималната плата ќе биде 830 евра

BiznisPRO

Хрватска веќе почна да бара сезонски работници: Почетната плата на готвач е 2.000 евра

BiznisPRO