Стапија на сила граничните контроли на прехранбените производи увезени од ЕУ

Новите гранични контроли на Велика Британија за дел од увозот на храна од Европската унија стапија на сила денеска, за прв пат по Брегзит.

Поради зголемениот обем на бирократија за компаниите, тоа може да доведе до зголемување на цените.

Месото, јајцата, рибата и млечните производи се меѓу свежите производи за кои сега ќе бидат потребни извозни здравствени сертификати и други документи пред да влезат во Обединетото Кралство, објави Си-Ен-Ен.

Според проценките на британската влада, проверките, вклучително и физичките инспекции, ќе ги чинат британските бизниси околу 330 милиони фунти (околу 387 милиони евра) годишно од април.

Тоа може да ја зголеми инфлацијата за околу 0,2 процентни поени во текот на три години, иако некои експерти од индустријата предупредуваат на поголемо влијание.

Новите контроли претставуваат првпат производителите на храна од ЕУ да се соочат со проблеми со граничната бирократија откако Велика Британија го напушти огромниот пазар и царинска унија на блокот во јануари 2021 година.

Земјата ја напушти ЕУ една година порано, во јануари 2020 година, по одлуката на референдумот во 2016 година.

Британските производители на храна, кои извезуваат во ЕУ, се предмет на целосна гранична контрола веќе три години, но владата на Обединетото Кралство пет пати го одложи воведувањето контроли на храната што доаѓа од другата страна поради стравувањата дека дополнителните контроли би можеле да го нарушат виталното снабдување. .

Можеби ќе ве интересира...

Илјадници Македонци и оваа година ќе заминат на работа во Хрватска: Се бараат пица мајстори и скараџии за плати од 2.500 евра

BiznisPRO

Тргнува исплатата на покачените пензии, државата подготвува и помош

BiznisPRO

Само 9 години има најмладиот милионер во Македонија, најстариот има 97

BiznisPRO