ТРАНСПОРТОТ ОД АЗИЈА ДО ЕВРОПА: 400 отсто поскап поради нападот во Црвеното Море

Поради споменатите напади времето на испорака на стоки од Азија во Европа е продолжено за 10 до 15 дена, додаде Џентилони, пренесува Еурактив.

Тој очекува дека наглото зголемување на цените на транспортот ќе изврши одреден притисок врз инфлацијата во Европската унија.

– Јасно е дека натамошните прекини може да предизвикаат нови тесни грла во снабдувањето што би го намалиле производството и би ги зголемиле цените, смета еврокомесарот.

Џентилони, сепак, посочи дека во Европската унија и во еврозоната „се уште има услови за економско закрепнување“ и дека цените на енергијата сега се многу пониски од порано.

Можеби ќе ве интересира...

Дали вреди долгорочно: Повеќе од 47% милениумци сакаат да живеат со своите родители уште најмалку две години

BiznisPRO

Бектеши: Нема криза за снабдување со нафта и нафтени деривати, да не се прави паника кај граѓаните

BiznisPRO

Поскапуваат цигарите – Дали треба?

BiznisPRO