ЦЕНИТЕ НА ДИЗЕЛОТ НА БЕРЗАТА ПОРАДИ КРИЗАТА ВО ЦРВЕНО МОРЕ: Фјучерсите поскапеа за 15 отсто за еден месец

На глобалниот пазар, фјучерсите на дизелот се зголемија за 15 отсто за нешто повеќе од еден месец, на 845 долари за метрички тон.

Ова го објави „Фајненшл тајмс“ во средата, наведувајќи дека овој пораст на цените на речиси тримесечен максимум, поради нарушувања во транспортот, се заканува да ја тестира отпорноста на економијата на ЕУ. Зголемените цени ја одразуваат загриженоста на трговците дека турбуленциите околу кризата во Црвеното Море ќе ги зголемат трошоците за гориво за потрошувачите и ќе го нарушат виталното снабдување од Азија во ЕУ, еден од најголемите светски увозници на рафинирани нафтени деривати.

Британскиот весник потсетува дека откако западните санкции за руската сурова нафта и деривати стапија на сила во 2022 година, ЕУ во голема мера се потпира на увозот од Азија и САД. Меѓутоа, со оглед на тоа што многу танкери сега ја избегнуваат рутата на Црвеното Море и ја одат подолгата рута околу африканскиот Кејп на Добрата надеж, стана поскапо да се транспортира дизел во ЕУ од Азија, бидејќи трошоците за транспорт и осигурување се зголемија.

Можеби ќе ве интересира...

Се токми нова цена на горивата

BiznisPRO

Значително поскапување на горивата: Бензинот достигна 84 денари, дизелот 75,50 за литар

BiznisPRO

Макпетрол: Цените на природен гас и метан за декември намалени

BiznisPRO