Цените на европските индустриски производи паднаа и во јануари

И во еврозоната и во ЕУ, продажните цени на производителите на индустриски производи во јануари се намалени за 0,9 отсто во однос на претходниот месец. Во декември тие паднаа за ревидирани 0,9 отсто во еврозоната и 0,8 отсто во ЕУ.

Најмногу се намалија цените на производителите во енергетскиот сектор во двете области, 2,9 отсто во еврозоната и 2,5 отсто во ЕУ, што е најсилно од пролетта минатата година, пренесува Хина.

Позначително пораснале само цените на капиталните производи и тоа за 0,6 отсто во зоната на примена на заедничката европска валута и 0,5 отсто во ЕУ.

Кога ќе се исклучи енергетскиот сектор, цените на производителите се намалени во двете области за 0,2 отсто во однос на декември, пресмета Еуростат.

На почетокот на годината, според податоците со кои располага Еуростат, Словачка забележа најзначителен пад на цените на производителите на индустриски производи на месечно ниво, 14,3 отсто. Следеа Полска и Австрија, каде што се намалија за три отсто, односно 2,2 отсто.

Најмногу поскапеле производите во естонската индустрија, за 5,3 отсто. Следува Ирска со четири отсто пораст на продажните цени на индустриските производи во однос на декември.

Евростат немаше податоци за Германија, Италија, Белгија и Финска.

На годишна основа, продажните цени на производителите на индустриски производи се намалени во јануари за 8,6 отсто во еврозоната и 8,4 отсто во ЕУ.

Во декември тие паднаа за 10,7 отсто или десет отсто.

Убедливо најголем пад на производствените цени е забележан во енергетскиот сектор во јануари, 21,3 отсто во еврозоната и 20,1 отсто во ЕУ во однос на почетокот на минатата година.

Кога е исклучен енергетскиот сектор, цените на производителите на индустриски производи паднаа за 1,5 отсто во еврозоната и 1,7 отсто во ЕУ.

Во двете области најмногу пораснале цените на капиталните и нетрајните производи за широка потрошувачка, околу два отсто.

Можеби ќе ве интересира...

Биткоинот ја достигна највисоката вредност на сите времиња

BiznisPRO

Доаѓаат нови пари за пензионерите и загрозените – Еве кога ќе биде исплатена финансиската помош!

BiznisPRO

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА 2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

BiznisPRO