Цените на нафтата под 82 долари

Цените на нафтата денеска се лизнаа под 82 долари на меѓународните пазари, бидејќи трговците стравуваат од продлабочување на кризата во кинескиот сектор на недвижности и слабеење на побарувачката за нафта во најголемиот светски потрошувач.

На лондонскиот пазар по пладне цената на барелот за испорака во март беше за 52 центи пониска од вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 81,88 долари. Вчера ја затвори трговијата со загуба од 1,15 долари. Во Лондон денеска поактивно се тргуваа со барели за испорака во април, по цена за 50 центи пониска, на 81,33 долари.

На американскиот пазар цената на барелот се намали за 29 центи, на 76,49 долари. Вчера го заврши тргувањето со загуба од 1,23 долари.

Можеби ќе ве интересира...

Работодавците од Македонија можат многу да научат од овој пример: Келнер заработил 17.000 евра за еден месец без бакшиш, еве како

BiznisPRO

Цените паѓаат во еврозоната

BiznisPRO

Германците се повеќе штедат

BiznisPRO