ЦРН ПЕТОК: Дали се реални попустите во продавниците низ Македонија?

Деновиве потрошувачите се бомбардирани со реклами од познати македонски компании кои се вклучија во шопинг лудилото наречено „Црн петок“.

Додека во САД и други земји празникот на купувањето „Црн петок“ е вистинска атракција и потрошувачите можат да пазаруваат по навистина несекојдневни цени, кај нас црниот петок почна пред време како маркетиншки трик.

Голем број компании објавија попусти пред да дојде „Црниот петок“, а некои веќе цел месец нудат попусти, рекламирајќи ги како намалувања за „Црн петок“, иако Blackfriday се паѓа во последната недела од ноември.

Но, повторно истите трикови од страна на компаниите кои објавуваат дека има попусти до -50, -60 или -70 проценти. Купувачите остануваат изненадени кога ќе видат дека објавените попусти важат само на неколку артикли, застарена роба.

Останатите артикли, според она што го видовме низ десетина продавници, се намалени за 10-20 отсто, попусти кои ионака се нудат со клуб-картички и купоните кои што редовно се делат на потрошувачите.

Можеби ќе ве интересира...

ЕУ подготвува драстични мерки

BiznisPRO

Толку многу вино што не знаат што да прават со него: Ќе ги уништат лозите

BiznisPRO

ЕСМ понуди за 7,5 отсто повисока цена на тендерот за набавка на електрична енергија на ЕВН Хоум

BiznisPRO