УЈП ОБЈАВИ НОВА ЛИСТА СО ИМИЊА НА ФИРМИ И ЛУЃЕ КОИ ДОЛЖАТ ДАНОК – Еве кој се должи кон државата

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2023 за долгови доспеани до 30.06.2023 и неплатени до 30.09.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.10/2023 објавени се 1783 должници – правни лица (повеќе за 49 од претходната листа) и 3629 физички лица (повеќе за 253 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2023 изнесува 8.194.906.425 денари, (помалку за 110.631.456 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.052.452.652 денари, (помалку за 69.672.507 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 142.453.773 денари (помалку за 40.958.949 денари од претходната листа).

Листата е достапна на следниот линк.

Можеби ќе ве интересира...

Од 1 јануари најавени пониски сметки за струја – домаќинствата што штедат ќе плаќаат помалку, а другите повеќе

BiznisPRO

Анегловска-Бежоска: Депозитите на населението повисоки за 130 милиони евра од почетокот на годинава

BiznisPRO

Германскиот гигант прогласи банкрот

BiznisPRO