WIZZ AIR ПОСТИГНА УШТЕ ЕДЕН ПРЕСВРТ ВО НАМАЛУВАЊЕТО НА ИНТЕНЗИТЕТОТ НА ЈАГЛЕРОД

Wizz Air денеска објавува дека постигнала 51,2 грама по патник/км за нејзиниот интензитет на емисии на CO2 во првата половина од фискалната 2024 година (H1F24), што е за 8% помалку отколку во истиот период од фискалната 2023 година .

Стратегијата за одржливост на Wizz Air се заснова на четири точки – животна средина, луѓе, управување и економија. Авиокомпанијата постојано работи на својот еколошки отпечаток и намалување на интензитетот на јаглерод, развој на вработените, социо-економски придонес во регионите каде што работи и го зајакнува своето корпоративно управување.

Пресвртници за одржливост на Wizz Air во H1F24

• Просечната возраст на флотата се намали на 4,2 години, останувајќи најмладата флота на авиони од која било европска авиокомпанија со над 100 авиони.
• Уделот на нови авиони со „нео“ технологија во флотата на Wizz Air се зголеми на 57%.

• Потпиша договор со шпанскиот производител на одржливо воздухопловно гориво (SAF) Cepsa за идно снабдување.

• Ја направи својата прва капитална инвестиција од 5 милиони фунти во британска компанија за биогориво, Firefly, и учествуваше во инвестиција од 50 милиони долари во CleanJoule, старт-ап за биогориво со седиште во САД.

• Стана првата авиокомпанија во Унгарија која комерцијално го тестираше синџирот на снабдување SAF во соработка со Neste, MOL и аеродромот во Будимпешта.
• Лансирани целосно електрични “turnarounds” заедно со воздухопловните услуги на аеродромот Фиумичино во Рим, овозможувајќи да се намалат емисиите на CO2 од процесот на земја до 85% по авион во споредба со употребата на опрема со погон на дизел.

• Доби признание како „Најодржлива нискобуџетна авиокомпанија“ од World Finance Awards 2023 година.

• Започна нова, и прва од ваков вид, WIZZ Sustainability Ambassador програма за кабинскиот екипаж и вработените во канцеларијата. Избрани се над 20 амбасадори за одржливост, кои претставуваат 13 земји на присуство на Wizz Air.

• Базата на вработени порасна на повеќе од 8.000 со над 1.400 нови вработувања и повеќе од 100 националности во целата работна сила.
• Постигна 50%-50% сооднос меѓу женски и машки пол во целата организација и 5%-95% сооднос меѓу женско-машки пол во кокпитот на авионот.

Можеби ќе ве интересира...

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост е значително зголемена изминатите години, работиме на натамошно унапредување

BiznisPRO

Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата низ Македонија

BiznisPRO

Метеж на македонско-бугарската граница – многу Бугари пазарат во Источна Македонија

BiznisPRO