10-те најдобри земји за работа од далечина, сите се во Европа

Новиот извештај од платформата за сајбер безбедност Nordlayer анализира каде се најдобрите места во светот за работа од далечина.

Во извештајот е откриено дека Европа доминира во изборот не само со сите топ десет места, туку европските земји се меѓу најдобрите во првата половина од анализираните земји во светот.

Глобалниот индекс за далечинско работење во 2023 година собра податоци од 108 земји и ги бодираше врз основа на тоа како тие поминаа според различни критериуми, вклучително и пристап до стабилни, брзи интернет конекции, социо-економски придобивки како што се здравствената заштита, како и заштита на човековите права .

Иако е вистина дека приоритетите на луѓето не се совпаѓаат и она што тие најмногу го ценат исто така се разликува, студијата покажа дека Данска се рангираше на прво место во целина кога резултатите беа земени во четири клучни категории – сајбер безбедност, дигитална и физичка инфраструктура, социјална и економска безбедност.

По Данска следат: Холандија, Германија, Шпанија, Португалија, Шведска, Естонија, Литванија, Ирска и Словачка.

Можеби ќе ве интересира...

Volkswagen минатата година ја надмина Tesla по продажба на нови електрични возила во Германија

BiznisPRO

Објавени просечните плати во Загреб и Хрватска

BiznisPRO

Големи разлики меѓу Западот и Истокот: Во овие градови во Германија просечната плата е повеќе од 5.000 евра

BiznisPRO