Во октомври два неработни денови – Кога ќе одмараме до крајот на годината?

За да си ги испланирате празниците што претстојат кои се и неработни денови за сите граѓани, Бизниспро објавува листа на датумите кои се неработни до крајот на оваа година.

Следниот неработен ден за сите граѓани е 11 октомври (среда), Ден на народното востание.

Подоцна следува и 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба

Списокот на останати неработни денови се стеснува, а погледнете ги преостанатите празници:

За граѓаните од католичка вероисповед неработен ден е 1 ноември (среда), Празникот на сите светци, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница празник е 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука, За граѓаните припадници на еврејската заедница неработен ден е 25 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ неработен е 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците, За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ неработен е 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.

Можеби ќе ве интересира...

Нови цени на горивата во земјава

BiznisPRO

МТЕЛ ја претставува MOVE TV: Врвна стриминг-платформа со разновидни содржини и практични опции

BiznisPRO

(Галерија) Шел ја отвори првата бензинска станица во Македонија – еве како изгледа

BiznisPRO