Растат цените на нафтата на светскиот пазар – „Ризикот останува, можноста за проширување на конфликтот на Блискиот Исток“

Цените на нафтата на светските берзи денеска се во благ пораст.

Порастот на цените дојде откако претходно тие паднаа за повеќе од еден долар.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море се зголеми за 12 центи и сега изнесува 89,77 долари за барел. Во Њујорк цената на лесната сурова нафта порасна за два центи на 86,68 долари за барел.

Цените на двата вида нафта беа во пораст во текот на изминатата недела поради стравувањата од ширење на конфликтот на Блискиот Исток, но вчера паднаа.

Американскиот претседател Џозеф Бајден утре ќе отпатува за Израел, кој се подготвува за офанзива против Хамас, која може да предизвика хуманитарна криза и да ги зголеми стравувањата од поширок конфликт со Иран.

– Ризикот останува, бидејќи иранскиот министер за надворешни работи Хусеин Амирабдолохиан предупреди дека можноста за проширување на конфликтот се приближува до фазата од која нема враќање – се наведува во опсервацијата на истражувачката фирма „АНЗ Рисрч“.

Можеби ќе ве интересира...

Паѓаат цените: Гасот во Европа падна под 1.250 долари за илјада кубни метри

BiznisPRO

Биткоинот надмина 64.000 долари, брка рекорд од 2021 година

BiznisPRO

Германските компании очајно бараат ИТ експерти, платите високи

BiznisPRO