Маск: Вештачката интелигенција може да ги остави сите без работа

Мултимилијардерот Илон Маск верува дека вештачката интелигенција може да ги остави сите без работа.

Според него, вештачката интелигенција би можела да стане најразорната сила во историјата.

Тој рече дека ќе ја доведе во прашање самата смисла на животот.

Тој зборуваше за вештачката интелигенција во официјалната резиденција на Велика Британија, Ланкастер Хаус, пренесува Капитал.

„За прв пат ќе имаме нешто попаметно од најпаметниот човек. Тешко е да се каже точно кога ќе се случи, но ќе дојде момент кога нема да ви треба работа. Ќе можете да имате работа, но ако сакаат работа за лично задоволство.Но вештачката интелигенција ќе може да направи се“, смета Маск.

Тој на шега рече дека не знае дали на луѓето ќе им биде удобно или непријатно поради тоа.

Тој очекува дека вештачката интелигенција ќе направи многу работи остварливи и дека нема да има ограничувања. Тој истакна дека ова е и добро и лошо. Тој рече дека поради ова еден од предизвиците ќе биде како да се најде смислата на животот.

Маск постојано предупредуваше за заканите од вештачката интелигенција. Во една прилика тој рече дека вештачката интелигенција може да биде поопасна од нуклеарното оружје, пишува американскиот деловен портал CNBC.

Можеби ќе ве интересира...

Нафтата надмина 100 долари за барел, по рускиот напад врз Украина

BiznisPRO

ЕУ губи околу еден милион работоспособни жители годишно поради стареењето на населението

BiznisPRO

Бундесбанката објави кои евро банкноти се најмногу фалсификувани

BiznisPRO